Билд: Модриќ ќе добие две понуди од Турција

110025.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лука Модриќ, како што пишуваат светските медиуми, во летниот преоден рок ќе го напушти Реал Мадрид. Неговата „десетка“ ќе ја добие Килијан Мбапе. Модриќ не е задоволен од статусот што го има во тимот. Оваа сезона најчесто е резерва кај Карло Анчелоти.


Германски „Билд“, повикувајќи се на турските медиуми, пишува дека Галатасарај и Фенербахче се сериозно заинтересирани за услугите на Модриќ.

Според овој извор, двете понуди се многу слични.

Двата клуба наводно се подготвени да му понудат едногодишен договор со опција за продолжување на дополнителна сезона со годишен приход од 3,5 милиони евра.

Преговорите, заклучува „Билд“, би можеле да започнат за неколку дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK