Силен раст на кинескиот извоз

rs.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинескиот извоз силно порасна во јануари и февруари, покажаа податоците на царината, што сигнализира закрепнување на глобалната трговија.



Во првите два месеци од годинава извозот од втората по големина светска економија порасна за 7,1 отсто во однос на истиот период во 2023 година.

Во декември извозот е зголемен за 2,3 отсто во однос на истиот месец од 2022 година. Увозот во јануари и февруари е зголемен за 3,5 отсто во однос на истиот период лани, по стагнацијата на крајот на 2023 година.

Трговскиот биланс за првите два месеци од годинава покажа суфицит од 125,16 милијарди долари. Во декември таа изнесуваше 75,3 милијарди долари.

Кинескиот извоз во САД повторно порасна во јануари и февруари, за пет отсто. Извозот во Русија скокна за 12,5 отсто.

Извозот во ЕУ е намален за 1,3 отсто.

Кинескиот премиер Ли Кианг во вторникот објави дека тие се стремат кон стапка на раст од околу пет проценти оваа година и вети дека ќе го трансформираат развојниот модел кој во моментов многу се потпира на извозот на готови производи, забележува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK