Трамп го покани Бајден на дебата „во секое време, каде било“

f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го предизвика актуелниот американски претседател Џозеф Бајден на ТВ дебата „во секое време, каде било“, јавува Би-Би-Си.


Повикот на Трамп дојде неколку часа откако неговата последна ривалка Ники Хејли се откажа од трката за републиканска номинација за Белата куќа.

„Важно е, за доброто на нашата земја, Џо Бајден и јас да разговараме за прашања кои се толку важни за Америка и американскиот народ“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“.

Изборниот штаб на Бајден не кажа дали тој ќе учествува во дебатата со Трамп, но му предложи на републиканскиот кандидат „ако е толку очаен да го види претседателот Бајден во ударниот термин, не мора да чека“ и дека може да гледа вечерашното обраќање на претседателот пред Конгресот за состојбата на нацијата.

Трамп беше жестоко критикуван откако одби да учествува во ТВ дебати со неговите републикански ривали за номинацијата на партијата за Белата куќа овој изборен циклус, јавува Би-Би-Си.

Бајден и Трамп ги постигнаа очекуваните победи на партиските избори  и речиси е сигурно дека двајцата, како и пред четири години, повторно ќе ги одмерат силите во борбата за место во Белата куќа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK