Вечерва околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ добиена е дојава за поставена бомба. Аеродромот во моментов е затворен, а последниот авион тргнал во 18:45 часот. Сите закажани летови потоа се одложени.
Се појави видео од евакуацијата на патниците, на кое се гледаат патници во паника како се спуштаат по тобоган.
View this post on Instagram
Како што неофицијално дознава Танјуг, пилотот добил дојава за бомба, по што повикал полиција, бидејќи на еден од патниците му се чинело сомнително.
Сите патници се евакуирани.