Клоп е свесен дека оваа еуфорија нема да трае вечно

Клоп-е-свесен-дека-оваа-еуфорија-нема-да-трае-вечно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јирген Клоп е свесен дека и покрај добрите резултати, ситуацијата во тимот, кој има многу повредени играчи не е лесна. Германецот на овој начин сака да ја намали еуфоријата што ги зафати навивачите.


Десеткуваниот Ливерпул, откако со многу играчи од младиот тим го освои Лига купот, успеа да се пласира и во четвртфиналето на ФА Купот. „Црвените“ постигнаа резултатски убедлив триумф, но гостите од Саутемптон сериозно се заканија особено во првото полувреме.

Натпреварот на „Енфилд“ заврши со резултат 3:0.

„Тоа беше неверојатен натпревар. Саутемптон е врвен тим, сите го видовме тоа. Нашиот среден ред не беше најдобар во првото полувреме. Противникот ни создаде големи шанси, за среќа Каоимин (Келехер) беше тука да не спаси. Беше толку интензивно, моравме да најдеме начин да одговориме и тоа го направивме. Постигнавме прекрасен гол. Второто полувреме беше многу подобро“, изјави Јирген Клоп по натпреварот.
Ливерпул продолжува да се бори за трофеи.

„Одлично е да се биде во четврт-финалето и не ги земаме овие работи здраво за готово. Заслуживме да поминеме, тоа беше врвна претстава“.

Германецот е свесен дека „оваа еуфорија нема да трае вечно“. Многу важни играчи се повредени.

„Овие резултати помогнаа расположението во соблекувалната да биде позитивно, но целата ситуација е ужасно тешка. Прифаќаме дека сме во тежок момент и се обидуваме да најдеме решенија“, нагласи Јирген Клоп.

Ливерпул во сабота гостува кај Нотингем Форест во 27. коло од Премиер лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK