Брозовиќ на суд го доби „Кралот на папараците“

Брозовиќ-на-суд-го-доби-„Кралот-на-папараците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот новинар и фотограф Фабрицио Корона мора да му плати отштета од 5.000 евра на хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ и по 7.500 евра на аргентинскиот играч Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара. Корона во 2019 година ја објави веста дека Нара има афера со Брозовиќ. Судот во Милано пресуди дека се работи за лажна вест.


Според пресудата, Корона мора да плати дополнителна казна од 1.500 евра „поради клевета“.

Брзовиќ, кој сега е во Саудиска Арабија во Ал Наср, и Икарди, кој игра за турски Галатасарај, пред пет години беа соиграчи во Интер. Корона на веб-страницата на неговиот медиум, магазинот „Кинг Корона“ објави дека Икарди и Нара се разделуваат поради аферата што ја имала со Брозовиќ.

Во февруари 2019 година, насловот гласеше: „Мауро Икарди се разведува од сопругата. Ванда Нара го изневерила со соиграчот Марсело Брозовиќ“.

Ванда Нара поднесе тужба, а во април 2022 година на суд изјави дека овие „лажни информации“ влијаеле на заминувањето на Икарди од Интер во францускиот ПСЖ. Ванда Нара исто така е и менаџер на Икарди.

Корона медиумите го нарекуваат „крал на папараците“ бидејќи прв во јавноста лансираше неколку скандали.

На крајот на 2023 година преку својот портал ја објави веста дека италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали учествувал во спортско обложување, иако тоа е строго забрането за спортисти. Тонали во текот на полициската истрага признал дека се обложил на натпреварите на неговиот поранешен клуб Милан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK