Демири: Ќе најдеме решение да му се помогне не само на Лео, туку и на секој друг пациент кој има потреба

Демири-Ќе-најдеме-решение-да-му-се-помогне-не-само.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата и Министерството се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне на Леонид Индов, истакна министерот за здравство Илир Демири одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов.


Потенцира дека системско решение во предизборниот период и во време на техничка влада, не може да се најде.

„Досега е направено многу. Зборувавме со семејството и брзо ќе добиете епилог. Не сакам медиумска кампања апропо изнаоѓање на решение. Значи, Владата и Министерството за здравство се комплетно посветени и ќе најдеме решение да му се помогне не само на Индов, туку на секој еден пациент кој има потреба“, кажа Демири пред почетокот на панел-дискусијата по повод одбележувањето на Денот на ретки болести во Скопје.

Сега, како што нагласи, треба да се изнајде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение ќе се зборува по изборите.

„Системско решение во оваа техничка влада и предизборие не може да се најде. Треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение после изборите ќе зборуваме. Од повеќе сектори зависи тоа. Значи, промена на регулативи и на закони не зависи само од Министерството за здравство“, појасни Демири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK