Полициски службеници на СВР Тетово, вчера во 15 часот и 30 минути ги лишиле од слобода 60-годишниот М.Р. и 58-годишниот З.И., двајцата од тетовска Шипковица, извести СВР Тетово.
„Тие биле затекнати во месноста „Студена река“, атар на тетовски Бродец, како со моторни пили бесправно сечат букови стебла. Извршен е увид и било утврдено дека на местото биле пресечени околу 200 стебла“, соопшти СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци.