Ковачевски: Кога во Белата палата купувале вазни од по 10.000 евра, социјалната помош била 3.000 денари

Ковачевски-Кога-во-Белата-палата-купувале-вазни-од-по-10000.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Кога во белата палата купувале вазни од по 10.000 евра, социјалната помош била 3.000 денари,а ние ја зголемивме скоро за 4 пати и сега е околу 200 евра, е толку на ВМРО ДПМНЕ им се важни граѓаните“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вчера од Штип.


СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, рече Ковачевски, одлуките кои се носат се за општо добро на граѓаните, за поквалитетен живот на сите генерации и за економски просеритет на државата, истакна претседателот на партијата.

„СДСМ работи за граѓаните, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои не престанаа да работат за лични интереси, за луксузирање на тесното партиско раководство, за нивните лични фрустрации. Нивната ненаситност во трошење на буџетски пари се кршеше на грбот на граѓаните, сведоштво е Белата Палата, каде само главните актери се сменија, Груевски избега, дојде Мицкоски, но се друго остана исто“, рече Ковачевски на отворањето на партискиот промотивен штаб во Штип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK