Две години од руската инвазија на Украина: Борбата продолжува

Две-години-од-руската-инвазија-на-Украина-Борбата-продолжува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Втората годишнина од руската инвазија врз Украина во цел свет се одбележува со комеморации, демонстрации и политички дебати. По повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, повеќе згради во Брисел, вклучително и институциите на ЕУ, минатата ноќ беа осветлени во боите на украинското знаме.


Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го посети аеродромот Гостомел каде што се водеа некои од најзначајните битки во првите денови од руската инвазија.

– Затоа се бориме во последните 730 дена од нашиот живот. И ќе победиме на најдобриот ден од нашите животи. – изјави Зеленски.

Зеленски во знак на солидарност беше придружуван од странски лидери кои пристигнаа во Киев по повод годишнината, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерите на Италија и Канада, Џорџа Мелони и Џастин Трудо.

Генералниот секретар на НАТО пак Јенс Столтенберг му порача на Зеленски дека Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност.

– Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност. Украина не пропадна за неколку недели, како што многумина стравуваа дека ќе се случи. Повторно зазеде половина од територијата што ја освои Русија. Ја потисна Русија од големи делови на Црното Море и им нанесе големи загуби на руските сили, – изјави Столтенберг.

Сепак, Русија сè уште контролира околу една четвртина од земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK