Портпаролката на Навални: Властите нема да го предадат телото на Алексеј уште 14 дена

Најмоќните-економии-во-светот-Бесни-сме-поради-смртта-на-Навални.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролката на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина минатиот петок во затвор на северот на Русија, денеска објави дека неговото тело ќе биде чувано во мртовечница 14 дена.


„Истражителите им рекоа на адвокатите и на мајката на Алексеј дека нема да им го предадат телото веднаш.

„Ќе остане под некаков „хемиски тест“ во следните 14 дена“, изјави портпаролката Кира Јармиш на платформата Икс (Твитер).

Претходно сопругата на Навални, Јулија изјави дека Алексеј бил отруен со нервен агенс „Новичок“ и ги обвини руските власти дека го кријат неговото тело бидејќи чекале да испарат трагите од отровот.

Мајката и адвокатот на Алексеј не смеат да го видат телото, според „Sky News“.

Телото на Навални е во мртовечница во Окружната клиничка болница во Салехард, објави „Новаја газета“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK