Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесe кривична пријава против Г.Ѓ.(51) од Крива Паланка.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.
Имено според полицијата, осомничениот на 02.02.2024 во семејниот дом, физички ја нападнал неговата мајка и ѝ нанел повреди.