Додик: „Никогаш нема да заборавиме дека Лукашенко беше во Белград во 1999 година кога нашата нација беше бомбардирана“

Додик-„Никогаш-нема-да-заборавиме-дека-Лукашенко-беше-во-Белград.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Минск изјави дека имал исклучителна средба со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.


„ Разговаравме за економска соработка и продолжуваме да соработуваме“, изјави Додик по средбата.

Тој посочи дека Лукашенко ги разбира сите процеси.

„Никогаш нема да заборавиме дека Лукашенко беше во Белград во 1999 година кога нашата нација беше бомбардирана“, рече Додик, пренесе РТРС.

Тој нагласи дека за два дена повторно ќе се сретне со Лукашенко во рускиот град Казан.  По Лукашенко, Додик се сретна и со премиерот на Белорусија, Роман Головченко.

„Во овие тешки моменти имаме одлична соработка. Дојдовте во Белорусија на чело на многу репрезентативна делегација и тоа зборува за вашиот голем интерес за соработка со нас“, рече Головченко на средбата.

Тој посочи дека Белорусија е подготвена да помогне во развојот на република Српска.

„Веќе имаме конкретни насоки за наша евентуална соработка. Тоа е земјоделска опрема и тие испораки ќе ги имаме и покрај тешкотиите во логистиката“, рече Головченко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK