Селекторот на Словачка ќе го преземе Наполи, помошник ќе му биде Хамшик

Селекторот-на-Словачка-ќе-го-преземе-Наполи-помошник-ќе-му.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Газдата на Наполи ќе му врачи отказ на Валтер Мацари, кој во текот на сезоната го замени Руди Гарсија на клупата, на шампионскиот тим.


Италијанците беа скептични кога Гарсија дојде на местото на Лучано Спалети, творецот на тимот кој по 33 години ја врати титулата во Неапол, а уште повеќе беа изненадени кога Мацари го наследи Мацари.

Аурелио Де Лаурентис, влече лоши потези, поради што Наполи се наоѓа на деветтото место на табелата и речиси остана без шанси да дојде до четвртата позиција на табелата и место во Лигата на шампионите.

Во 12 натпревари во Серија А, Мацари оствари учинок од само четири победи, три нерешени и пет порази. Попатно беше елиминиран во осминафиналето на Купот на Италија од Фросиноне (0:4) и загуби во финалето на националниот Суперкуп од Интер во Ријад.

Наводно се било договорено Мацари да добие отказ, а на неговото место ќе дојде селекторот на Словачка, Франческо Калцона. Тој добил дозвола од Фудбалскиот сојуз на Словачка паралелно да ги извршува двете функции. Калцона со словачка избори пласман на Европското првенство.

Заедно со Калцона во Неапол ќе се врати клупската легенда, Марек Хамшик. Долгогодишниот капитен на Наполи и втор најдобар стрелец во историјата на клубот, ќе му биде помошник на Калцона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK