Ретко појавување со сопругот во јавност: Маргот Роби блесна во вамп издание

Ретко-појавување-со-сопругот-во-јавност-Маргот-Роби-блесна-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Убавата Маргот Роби во последните месеци на сите јавни настани се појавуваше во розови креации во чест на филмот „Барби“ во кој таа ја имаше главната улога. Но, актерката сега направи промена и воодушеви со вамп издание.



Имено, Маргот пристигна на традиционалната забава на Чарлс Финч и Шанел пред БАФТА, која секоја година се одржува во Лондон пред доделувањето на наградите на Британската филмска академија, попозната како БАФТА.

Таа на црвениот тепих се појави во друштво на нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент Том Акерли, со кој актерката не се појавува често во јавноста.

Актерката изгледаше прекрасно во светкав црн мини фустан без прерамки со машна на деколтето, кој го спои со чанта Шанел и чевли со отворени пети, додека отворениот грб и рамениците ги прекри со трендовски црн капут за да даде дополнителен печат на оваа вамп-креација преку кој паѓаше нејзината долга руса коса.

Таа сè зачини со пристојна шминка, нагласувајќи ги само усните со црвен кармин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK