„Херојски се бореа, апсурдно е сега да се повлечат“ – Бајден го уверувал Зеленски дека Конгресот ќе ја изгласа помошта од 60 милијарди долари

zelenski-bajden-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден му кажа на својот украински колега Володимир Зеленски дека е уверен дека американската воена помош од 60 милијарди долари ќе биде одобрена за Украина.


Таа мерка допрва треба да помине на конечното гласање во американскиот Конгрес, но Бајден во телефонски разговор му рекол на Зеленски дека е уверен oти ќе биде одобрена, јавува Би-Би-Си.

Зеленски претходно упати итен повик за испорака на дополнително оружје за Украина, „со цел да се избегне катастрофална ситуација во Европа“.

По разговорот со Зеленски, Бајден рече дека „украинскиот народ се борел храбро и херојски и дека е апсурдно САД да се повлечат сега кога им треба муниција.

– Мислам дека тоа е неетички, мислам дека е против се што сме како држава, додаде тој.

По разговорот, тој на Телеграм напиша дека му е мило што може да смета на поддршката на Бајден.

– Поддршката за Украина е поддршка за демократијата и слободата. Мораме заедно да ги заштитиме овие вредности, напиша тој.

Претходно оваа недела, по неколкумесечни политички расправии, американскиот Сенат одобри пакет странска помош од 95 милијарди долари, вклучително и 60 милијарди долари за Украина. Меѓутоа, во Претставничкиот дом, членовите на Републиканската партија лојални на поранешниот претседател Доналд Трамп се уште не ја поддржале таа одлука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK