(Видео) Рајо на Димитриевски го запре Реал Мадрид

Видео-Рајо-на-Димитриевски-го-запре-Реал-Мадрид.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Столе Димитиревски со Рајо Ваљекано освои бод против Реал Мадрид на дебито на новиот тренер, Ињиго Перез. Попладнево на „Ваљекас“, Рајо Ваљекано и Реал Мадрид одиграа 1:1 во рамките на 25.коло во Примера.



Рајо Ваљекано сезонава успеа да остане непоразен во дуелите со великанот Реал Мадрид. Во првиот дел од сезоната, на „Сантијаго Бернабеу“, натпреварот заврши без голови, а попладнево тимот чии гол го бранеше Столе Димитиревски одигра 1:1.

Натпреварот почна добро за гостите, кои во третата минута постигнаа гол. Стрелец беше Хоселу.

Резултатската рамнотежа ја врати Раул Де Томас во 27 минута кога реализираше пенал.

Реал натпреварот го заврши со играч помалку. Карвахал на теренот влезе во 75.минута, во 93. доби жолт картон поради приговор, а две минути подоцна уште еднаш пожолте поради невнимателен старт.

Реал ќе остане лидер и по оваа рунда со 62 бода, шест повеќе од Џирона, која има и натпревар помалку. Рајо Ваљекано е на 14. место со 25 бода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK