„Без помошта од државата Паризан и Црвена звезда немаше да постојат“

„Без-помошта-од-државата-Паризан-и-Црвена-звезда-немаше-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ на ТВ Прва зборуваше за кошаркарсите клубови Црвена Звезда и Партизан.



Црвена звезда, синоќа во Ниш, го освои трофејот во Купот. Во финалето црвено-белите го победија Партизан со 85:79.

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, по финалето на Купот на Радивој Кораќ изјави дека е голема лага дека тие се црно-бел државен проект.

„Ова е одвратен напад на државата што се случува секој ден. Од Црвена звезда такви напади се реткост. Не зборувам само за кошарката. Овде е нормално да бидете против државата. Кога постигнувате успех, нормално е да кажете дека државата не помогнала. Да и погледнеме на вистината во очи. Немаше да има ништо од Партизан и Звезда да не беше државата. Можеби ниту еден клуб во Европа нема толкава поддршка од државата како што имаат Партизан и Звезда. Зборувам за пари од државата, федерациите, градот Белград, зборувам за Телеком, НИС. Како кога се зборува за ФК Звезда и Партизан, Гаспром и Жиџин не дојдоа затоа што ги поканија клубовите, туку ги покани државата” .

„Плаќаме огромни суми пари. Тие ја добиваат салата „Арена“ по три пати пониска цена. Додадете ги одложувањата околу данокот, додадете ги приватниците на кои државата им кажува да финансиски да поддржат клуб за кој дури и не навиваат. Најлесно е да викаат Вучиќ пе..р. Тоа е затоа што немаме приватни клубови. Не можат тие спортски да честитаат, најмногу судиите се криви или некој друг го наредил тоа. Ќе му речам на Синиша Мали (министер за финансии) да подготви извештај. Секогаш е најлесно да ја критикувате државата. Најлесно е да се каже дека се против државата, но срамота е да се каже дека добиваат пари од државата, а дека миленик на државата е другиот клуб“.

„Знаете дека Партизан немаше да игра европски фудбал осум години да не беше државата. Но тие се чесни и не го кријат тоа. Секогаш државата им ја плати лиценцата. Не и плативме на Звезда во 2014, Звезда тогаш не играше во Европа. На Звезда лиценца и плативме три или четири пати.

Тој се осврна и на неплаќањето даноци од „вечните“ ривали во кошарката.

„Од сите тие големи акции за наплата на данок, не платија ниту динар. Само имајте го тоа на ум. И тоа ви го гарантирам со мојот живот. До денес должат скоро шест милиони евра, Звезда околу 1,2 милиони во кошарка“, рече српскиот претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK