Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ја победи Сабрина Јонеска во брзо шутирање тројки на Ол-стар натпреварот во Индијанаполис.
Јонеску, кошаркарка на Њујорк Либерти, го предизвика Кари уште во текот на летото, на крајот се соочија во арената на Индијана Пејсерс.
Кари победи во тесен дуел, со резултат 29:26.
Прва шутираше Јонеску и стигна до 26 поени, Кари во последната серија погоди четири шута, кои вредат два поени, со што го сврте резултатот и победи.