МВР се огласи за шефот на обезбедувањето на Мицкоски кој синоќа нападнал полицаец

Четири-лица-во-станица-за-упадот-во-М-НАВ-МВР-трага.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВР се огласи за инцидентот со шефот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа нападнал полицаец.


Од МВР информираа дека нападот се случил 40 минути по полноќ во угостителски објект во Центар.

„Полицијата го приведе И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, велат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бомјацалиев, од редовите на СДСМ, на социјалните мрежи напиша дека македонската историја не памети ваков случај на поранешен полициски функционер да нападне и свој колега во извршување на службена дејност. Побара максимално професионално да се расветли овој случај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK