Деветнаесетгодишниот син на поранешната извршна директорка на „Јутуб“, Сузан Војчицки почина во студентски дом на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.
Марко Тропер, бруцош по математика, бил пронајден мртов во студентскиот дом околу 16:23 часот во вторникот, а неговите најблиски се збогуваа со зборовите дека бил прекрасен и забавен млад човек.
Обидите на брзата помош да го реанимираат биле неуспешни.
Полицијата не пронашла знаци на насилство на местото на настанот, додека бабата на Тропер, Естер Војчицки, верува дека тинејџерот починал од предозирање со дрога.
„Тој внесуваше дрога, но не знаеме што има во неа. Едно знаеме, тоа беше дрога“, рекла таа, пренесува Њујорк пост.
Извештајот за токсикологија за да се потврди причината за смртта на Тропер ќе трае до 30 дена.