Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги отфрли повиците на демонстрантите собрани во Тел Авив да одржат предвремени избори во таа земја.
„Последното што ни треба сега се избори бидејќи веднаш ќе не поделат. Ни треба единство“, рече Нетанјаху.
Демонстрации беа одржани и во Ерусалим, каде неколку стотици луѓе се собраа пред резиденцијата на израелскиот претседател барајќи договор за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и одржување предвремени избори.
Неколку илјади собрани во Тел Авив го поддржаа тој повик, а следните редовни избори се закажани за 2026 година, пренесува „Ројтерс“.
Групите се собраа откако Нетанјаху претходно одби да испрати израелска делегација во Каиро за понатамошни преговори за заложниците.