Две лица, државјани на Република Србија, во текот на вчерашниот ден биле приведени на скопскиот аеродром.
Според информациите од полицијата, се работи за Д.Ј.(41) и 28-годишната К.Ј., затоа што по претходно недоразбирање го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.