Трамп за пресудата за измама во Њујорк: Судијата е корумпиран расист

Трамп-Бајден-може-да-не-вовлече-во-трета-светска-војна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа ја нарече „лов на вештерки“ пресудата на судијата во Њујорк кој го казни со 355 милиони долари поради фалсификување на вредноста на имотот.


„Корумпиран судија од државата Њујорк кој работи со тотално корумпиран јавен обвинител штотуку ме казни со 355 милиони долари врз основа на фактот дека изградив одлична компанија. Ова е мешање во изборите и лов на вештерки“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп оцени дека судскиот систем во САД е на удар на „пристрасни и корумпирани обвинители и судии“.

Обвинителката Летиша Џејмс, која ја нарече корумпирана и расист, беше обвинета од Трамп дека со години е опседната да го добие Трамп.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп мора да плати казна од 354,9 милиони долари за фалсификување на вредноста на неговиот имот за да добие подобри услови со банките, одлучи судот во Њујорк.

На Трамп, исто така, му беше забрането да биде директор на која било компанија во Њујорк во следните три години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK