Платата на вработените во ЈСП не доцни, стои во дописот од ЈСП.
„Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во „Македонски Пошти“ доцнат шест месеци, платите во МЗТ доцнат три месеци, потешкотии со исплата на плати има и во скопските општини.
Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа“, се наведува во напишаното соопштение.
Веруваме, велат од ЈСП, дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои.