Италија и Хрватска ќе се борат за светската титула во ватерполо

Италија-и-Хрватска-ќе-се-борат-за-светската-титула-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ватерполо репрезентациите на Италија и Хрватска ќе се борат за златниот медал на Светското првенство во Доха. Италија во полуфиналето ја победи Шпанија 8:6, а Хрватска во вистинска драма по 11:11, на пенали ја победи Франција со 6:5.


Европскиот првак Шпанија потклекна пред гранитната одбрана на Италија, предводена од голманот Дел Лонго. Благодарение на неовите интервенции, Италија во финишот на првото полувреме дојде до недостижна предност 6:2. Шпанците успеаја да дојдат до 6:5, но до крајот Ди Фулфио и Ларумбе постигнаа голови за конечен триумф на Азурите.

Голманот Дел Лунго со 12 интервенции беше најдобар играч на натпреварот.

Во второто полуфинале Хрватите се изнамачија со најпријатното изненадување на турнирот, селекцијата на Франција.

Се чинеше дека Хрватска лесно ќе избори место во финалето кога во последниот период влезе со предност од три гола (9:6). Но во последната четвртина Французите целосно се вратија во мечот. При резултат 10:10, Франција не искористи напад со играч повеќе, а на 52 секунди до крајот Фатовиќ им сдонесе предност на Хрватите. Франција изедначи на 18 секунди до крајот кога Каш постигна гол.

Во пенал серијата Хрватите ги погидуја сите шест пенали, додека кај Французите трагичар беше Каш чии удар голманот Аниќ го одбрани во шестата серија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK