Foto/ kfsm.mk
Кошаркарите на МЗТ се први полуфиналисти на на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. МЗТ, во Битола го победи Гостивар со 91:76.
Кошаркарите на Гостивар против фаворитот успеаја да бида во игра само во првите 15 минути. На полувреме МЗТ имаше предност 54:40, а патникот во полуфиналето беше познат во средишницата на третиот период кога МЗТ стекна предност од 25 поени.
Делалиќ реализираше 22 поени, по 13 поени постигнаа Робев, Ворку и Танасковиќ.
Вилијамс беше првиот стрелец на Гостивар со 23 поени, Инграм постигна 20.
До крајот на денот ќе бидат одиграни и останатите четвртфинални натпревари: Еуро Никел 2005 – Чаир 2030, Работнички – ТФТ Моцарт и Пелистер – Феникс 2010.