Потонат товарен брод кај Истанбул, се трага по шест членови на екипажот

Потонат-товарен-брод-кај-Истанбул-се-трага-по-шест-членови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Товарен брод потона во Мраморното Море во близина на Истанбул, соопштија официјални лица, додавајќи дека во тек е потрага по шесте исчезнати членови на екипажот.


Бродот „Батухан А“, кој превезувал товар од островот Мармара во Баликесир кон северозападна Бурса, потонал кај островот Имрали, јужно од Истанбул, објави Дејли Сабах. Гувернерот на Бурса, Махмут Демирташ, рече дека властите примиле сигнал за „вонредна состојба“ од бродот, но потоа изгубиле контакт со него.

Демирташ рече дека два тима за крајбрежна безбедност, заедно со третата група од областа Бандирма во провинцијата Баликесир, биле испратени да се приклучат на спасувачката операција. На местото на настанот итно се испратени и спасувачки глисери, се вели во соопштението на Генералниот директорат за крајбрежна безбедност на Турција.

Демирташ рече дека брановите во областа каде што потона бродот се високи три метри и додаде дека спасувачките напори се координираат во командата на крајбрежната стража во Бурса. Како што јави локалната телевизија, спасувачката операција продолжува за пронаоѓање на шестмината членови на екипажот, за кои се верува дека се турски државјани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK