Српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ ги воодушевил скаутите на Јувентус на натпреварот во Торино со Удинезе, па „старата дама“ реши да го доведе на лето, пишува „Газета дело спорт“.
Самарџиќ, во летниот преоден рок беше пред трансфер во Интер, во јануари беше на прагот да се пресели во Наполи, но двата трансфери пропаднаа.
„Газета дело Спорт“, наведува дека српскиот играч за врска ги импресионирал челниците на Јувентус.
Се наведува дека мешањето во преговорите со Наполи било со цел да се спречи Лазар да замине во Неапол и да остане опција за следната сезона.
„Ако сомнежот за него беше токму поврзан со неговиот раст во тактичкото читање и играњето без топка, натпреварот против Јуве беше одличен тест за зрелост: Кој знае, неговиот следен чекор всушност би можел да биде во Торино…“ пишува „Газета дело Спорт“.
Самарџиќ постигна три гола и две асистенции на 22 натпревари во Серија А оваа сезона.