(Видео) „Време е да се симнат маските“: Лозано сам на „Маскенбал“ во Венеција

Видео-„Време-е-да-се-симнат-маските-Лозано-сам-на.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите кои се чуствуваат осамено и изморено без сомнеж ќе се пронајдат во најновата песна на музичката ѕвезда – Влатко Лозаноски – Лозано.


Неговата нова песна, носи наслов „Маскенбал“, на која како автори се потпишува тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски.

„Маскенбал“ доби и свој видеоспот, а за неговите потреби, Лозано и неговиот тим отпатуваа во Италија, поточно во преубавата Венеција, каде три дена траеше снимањето на истиот.

Како режисер на спотот се потпишува долгогодишниот соработник на Лозано, режисерот Даниел Јовески.

За овој видеоспот беше изработен специјален костим, а него го изработи познатиот моден дизајнер Андреј Папаз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK