Тошковски на средба со британскиот министер: „Преземавме мерки за граѓаните да можат достоинствено да извадат лични документи“

Тошковски-на-средба-со-британскиот-министер-„Преземавме-мерки-за-граѓаните.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Средба на министерот за внатрешни работи Тошковски, заменик министерот Буши и дополнителниот заменик министер Бојмацалиев, со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Н.Е.Метју Лосон


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Метју Лосон.

На средбата Тошковски упати на продлабочување на соработката меѓу полициските органи на двете држави, за поефикасно делување во сузбивањето на меѓународните опасности по јавната безбедност и на меѓународниот криминал со акцент на поефикасна и поефективна борба против организираниот криминал.

Накратко го запозна амбасадорот Лосон за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат. Во таа насока, улогата на МВР е законито и професионално постапување во организирањето и спроведувањето на фер и демократски изборен процес. Во тој контекст, Тошковски укажа на неможноста согласно Закон во рамки на 15. раководни работници во министерството да назначи началник на СВР Тетово, со што се нарушува можноста да биде гарант на изборниот процес за тоа подрачје.

Тошковски ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење на лични документи со цел граѓаните да можат на еден достоинствен начин да дојдат до својот личен документ. Во тој контекст укажа и на почитување на правните процедури во однос на рокот на важност на патните исправи.

На средбата, амбасадорот Лосон ја потенцираше улогата на Министерството за внатрешни работи како гарант за безбедни, фер и демократски избори. Воедно ја поздрави успешната билатерална соработка меѓу двете држави и министерства за внатрешни работи, ставајќи притоа акцент на тековните проекти од аспект на зголемување на капацитетите на македонската полиција и унапредување на оперативната соработка во областа на организираниот криминал.

Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодари за досегашната соработка со Обединетото Кралство, особено за остварувањето на можноста за признавањето на возачките дозволи. Воедно нагласи дека раководството на МВР во овој состав на техничка Влада, засега функционира професионално и законито, без политички влијанија, со што се потврдуваат заложбите за организирање фер и демократски избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK