24-годишна скопјанка и 52-годишен маж од Кочани загинаа во сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

Тешко-повреден-скопјанец-во-сообраќајна-незгода-во-центарот-на-градот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип Кочани во близина на село Жиганци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, „голф“ со кочански регистарски таблици, управувано од 54-годишниот Д.Д. од Кочани, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски таблици управувано од 25-годишниот М.А. од Скопје и патничко возило „ситроен“ со винички регистарски ознаки управувано од 58-годишната Л.С. од Виница.


„На самото место на несреќата од здобиените повреди починале сопатничката од возилото „сеат“, со иницијали Н.П. на возраст од 24 години и сопатникот од возилото голф, Г.А. на возраст од 52 години од Кочани. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Кочани. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите на „голфот“ и „ситроенот“, сопатникот од „голфот“ на возраст од 52 години и две сопатнички на возраст од 63 и 84 години од „ситроенот“ и двете од Виница. Повредите се констатирани во Општата болница Кочани, Клиничката болница Штип и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, сообраќаен вештак и увидна екипа“, изјавија од СВР Штип.

Во оваа фаза СВР Штип соопшти дека не може да споделува податоци за сообраќајната несреќа заради доследно почитување на предистражната постапка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK