Коцевски со транспарентност ќе ја враќа довербата: Обвинителството и јас во секое време ќе бидеме достапни за информации

Коцевски-со-транспарентност-ќе-ја-враќа-довербата-Обвинителството-и-јас.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите најави дека довербата на граѓаните во Обвинителството ќе ја врати со транспарентност на институцијата што очекува да поттикне и отчетност, одговорност и ефикасност на јавните обвинители. Работата на државниот јавен обвинител според него е тешка и одговорна, но со долгогодишното искуство и знаење вели дека може да одговори на сите предизвици.


„Во однос на моите понатамошни активностите, во програмата која што ја дадов пред пратениците и пред јавноста основното начело е транспарентноста. Ценам дека самата транспарентност ќе ја поттикне отчетноста, одговорноста, ефикасноста на јавните обвинители во нивната работа и секако тоа ќе ја подобри самата доверба во јавноста. Ценам дека Јавното обвинителство треба да го заслужи местото и треба да биде навистина единствениот орган кој што се бори против корупцијата. Ценам дека ова што го ветувам дека ќе го исполнам. Во однос на транспарентноста еве сега пред јавноста изјавувам дека Јавното обвинителство, а исто и јас, ќе биде отворено за јавноста и секако ќе бидеме во секое време достапни за информации кои се однесуваат на предмети кои што се во интерес на јавноста“, рече државниот обвинител Коцевски.

Денес поради заклетвата во Собранието не сакаше да навлегува во детали за предметите. Немаше конкретен одговор на новинарското прашање дали ќе поведе постапка за издавањето лични документи без новото име рече, но уверува дека Јавното обвинителство ќе поведе постапка за секого ако има доволно докази.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK