Вчера на кружниот тек на улицата Скупи“ со булецарот 8 Септември се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(36) од селото Ржаничино, скопско и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(45) од Скопје, кој го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од полициска екипа.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.