(Видео) Русија: Украина нападна трговски центар во Белгород од воздух, има мртви

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку четири лица загинаа, а 10 се повредени во воздушен напад на рускиот град Белгород, јавуваат руските медиуми.



На видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележат возила за итна помош паркирани пред оштетениот трговски центар каде се искршени стаклата, пишува Би-би-си.

Руските власти соопштија дека системите за противвоздушна одбрана над регионот Белгород собориле 14 украински ракети. Белгород се наоѓа на околу 30 километри од границата со Украина и од почетокот на руската инвазија е честа мета на украинските сили.

Во декември, за време на најсмртоносниот напад на Белгород досега, загинаа 25 луѓе, а уште стотина беа ранети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK