(Видео) Израелските специјални сили упаднаа во главната болница во јужниот дел на Газа, има загинати и ранети

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелските специјалци упаднаа во болницата Насер во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа, соопшти израелската војска, наведувајќи дека има веродостојни информации дека телата на израелските заложници можеби се во објектот, пренесува Ројтерс.



„Ние спроведуваме прецизни операции за спасување, како што правевме во минатото, каде што нашите разузнавачки информации укажуваат дека можеби има тела на заложници“, се вели во соопштението на војската.

Војската не ги објави тие докази во јавноста. Хагари рече дека силите на ИДФ „спроведуваат прецизна и ограничена операција во болницата Насер“.

Министерството за здравство на Газа потврди дека израелските сили ја нападнале главната болница во јужниот дел на територијата. Болницата Насер беше главно отсечена од неколкунеделните борби.

Вчера илјадници раселени Палестинци кои се засолниле таму почнаа да бегаат откако Израел објави дека им отворил коридор за бегство.

Во текот на ноќта израелски оган врз објектот уби еден пациент, а рани шест други, изјавија лекарите. Израелските сили отворија оган врз главната болница во јужниот дел на Газа рано во четвртокот, при што убиле еден пациент, а раниле уште шест, велат лекарите, додека армијата се обидувала да евакуира илјадници раселени луѓе од медицинскиот комплекс, главно отсечен од борбите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK