Џафери на отворање градинка во Матејче: Ова не е кампања, прочитајте го Законот подобро

Џафери-на-отворање-градинка-во-Матејче-Ова-не-е-кампања.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери при посетата на општина Липково, каде се обрати на настан по повод новата градинка во Матејче, им посочи на нoвинарите дека треба да го прочитаат подобро законот во однос на одржувањето на настани пред избори.


„Ќе треба да го прочитате малку подобро Законот, затоа што Законот забранува 20 дена од отпочнување на официјалната кампања, а се уште не сме во тие 20 дена пред почнување на кампањата, имајќи предвид дека изборите се на 24, некаде на 4 април почнува официјалната кампања, 20 дена пред тоа, фактички не сме во тој период“, одговори Џафери на забелешката дека 20 дена пред распишување на изборите не би требало да се одржуваат вакви настани и да не се трошат јавни пари за вакви настани.

На новинарското прашање дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на изборите, Џафери повторно ги упати новинарите во Речица, да го прашаат лидерот и додаде дека тој е премиер и ја претставува Владата, а не ДУИ.

Во однос на предлогот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари да биде претседателски кандидат, техничкиот премиер кажа дека не чувствува потреба да ги коментира одлуките на политичките партии.

„Непотребен би бил било каков коментар од моја страна“, кажа Џафери.

Претходно претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, објави дека дека е кандидат за претседател на државата, на предлог на претседателството на Алијансата и со поддршка на Европскиот сојуз за промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK