Еден од тројцата осомничени напаѓачи на парадата на победникот на Супербол во Канзас беше совладан од навивачите на Канзас Сити Чифс, објавија американските медиуми.
Во пукањето на големата парада на Канзас Сити Чифс, една жена беше убиена, а 21 лице беа ранети. Меѓу ранетите има и деца.
Американската ТВ станица КТЛА објави видео на кое се гледа како во стампедото кое настана по пукањето, неколку навивачи се фрлиле на еден од осомничените напаѓачи и го контролирале додека не дојде полицијата на местото на настанот.
Мотивот за пукањето се уште не е познат, но неименуван полициски извор изјавил дека не постои сомнеж за тероризам и најверојатно станува збор за расправија која прераснала во вооружено насилство.