Божидар Божиновски: Дефетизам и апатија се општествена болест раширена од пропагандисти во служба на властите

bozinovski_bozidar_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дефетизам и апатија се општествена болест раширена од пропагандисти во служба на властите, на оние кои им одговара статус кво, неказнивост, корупција, дно.

Само во дно можат такви ликови да опстојуваат, во тиња, во бистра вода тие би биле никој и ништо, затоа што по сите квалитети се никој и ништо.


Со дефетизам не само што не придонесувате туку и им помагате. Готово било, толку. Како да не. Историјата е превртлива и никогаш готова работа, некогаш има денови во кои се случуваат децении. Ако ви е до дефетизам бар извадете членска од дуи, средете си го животот и терајте.

Човековата природа е спротивна на апатијата и дефетизаам, напротив, луѓето и во најтешките моменти бараат сила за борба, се јавува инстинктот за преживување против сите шанси и можности.

Нека не ве фаќаат на тие евтини финти дека се многу јаки, не се. Дека сѐ е готово, победиле. Колку победнички паради имало низ нашите градови, колку окупатори славеле, колку мислеле дека се вечни…

И кај се сега?

Нека не ве убедуваат во нивниот “реализам” и во прифаќањето на состојбите. Сѐ се менува. А и тие. Го знаат тоа затоа се цело време на штрек, агресивни, подли, одвратни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK