Паличка херој – Шведска ја освои бронзата на ЕП

Паличка-херој-–-Шведска-ја-освои-бронзата-на-ЕП.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Репрезентацијата на Шведска ја предаде круната, но сепак ЕП во Германија го напушта со медал. Шевдска, во „малото финале“ ја победи Германија со 34:31 и го освои бронзениот медал. Апсолутен херој на Швеѓаните е ветеранот Андерас паличка кој натпреварот го заврши со 20 одбрани. Победата во мечот за третото место на Шведска и обезбеди директен пласман на Олимписките игри во Париз.


Шведска предводена од брилијантниот Паличка одигра нестварно првото полувреме. Нападот максимално ги користеше одбраните на искусниот голман и во 21 минута ја најави победата кога предноста на Швеѓаните беше 14:7. Првиот дел Паличка го заврши со 14 интервенции.

Во вториот дел Германците тргнаа на се или ништо, полека ја топа преднота на Шведска, неколку пати дојдоа на минус од два гола. Тие напади најпрвин ги одбиваше извонредниот Клар, а во последните седум минути повторно се „појави“ Паличка, кој мечот го заклучи со пет одбрани.

Клар кај Шведска и Усчинс кај Германија со по осум гола беа најефикасни играчи на натпреварот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK