Десетици илјади Јеменци се собраа во неколку градови каде ги слушаа нивните лидери како ги осудуваат американските и британските напади врз нивната земја, извршени како одговор на нападот на Хутите врз поморскиот сообраќај во Црвеното Море.
САД и Велика Британија рано изутрината извршија десетина воздушни напади врз воени цели на Хутите.
„Вашите напади врз Јемен се тероризам“, рече Мохамед Али Ал-Хути, член на Врховниот политички совет на Хутите, говорејќи за САД.
🚨🇾🇪 MILLIONS of Yemenis protest and call for war after Saudi Arabia & Qatar opened their airspace for the US & UK to bomb Yemen last night. pic.twitter.com/GfoT2nqmBu
— Jackson Hinkle 🇺🇸 (@jacksonhinklle) January 12, 2024
„Не ги нападнавме бреговите на Америка, ниту отидовме на американските острови, ниту ги нападнавме. Вашите напади врз нашата земја се тероризам. Тие се терористи и се вешти да го лажат светското население, но свеста на јеменскиот народ е поинаква, рече Ал-Хути.
Демонстрантите во главниот град Сана ги газеа израелските и американските знамиња.
Меѓународно признатата јеменска Влада исто така соопшти дека нападите се одговор на континуираните напади на милитантите врз меѓународни бродови во Црвеното Море.