Цената на нафтата порасна во екот на конфликтот околу Црвеното Море

Цената-на-нафтата-порасна-во-екот-на-конфликтот-околу-Црвеното.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Цената на нафтата скокна поради конфликти во регионот на Црвеното Море кои се закануваат дополнително да ја нарушат глобалната трговија, пренесува Ројтерс.


Нафтата поскапе за 4 отсто откако Соединетите Американски Држави и Велика Британија соопштија дека извршиле воздушни и поморски напади врз воени цели на Хутите во Јемен како одговор на ракетните напади врз бродови во Црвеното Море, драматична закана за регионалното проширување на израелската војна против Хамас во Газа.

Нафтата „брент“ достигна 80,52 долари за барел, додека цената на барел американската нафта Вест Тексас интермедит (ВТИ) порасна за 4,1 отсто на 74,99 долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK