(Видео) Почна постапката во СДСМ за избор на кандидати за пратеници

Видео-Почна-постапката-во-СДСМ-за-избор-на-кандидати-за.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Паралелно со постапката за избор на кандидат за претседател на државата, СДСМ ја почна постапката и за утврдување на кандидати за пратеници во македонското Собрание.


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција рече дека во тек е евидентирањето кандидати за пратеници во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ. Потоа, како што објасни, постапката продолжува на ниво на локалните раководства, Извршниот одбор, Централниот одбор на СДСМ и секако највисокото тело а тоа е Конгресот.

„Отворен е и јавен повик за самокандидирање на кандидати за пратеници. СДСМ отвора можност за луѓе кои не се дел од партијата но ги делат социјалдемократските вредности“, изјави Кузеска.

Сите документи се достапни на интеренет страницата на СДСМ.

На овој начин, вели таа, во една демократска и транспарентна постапка СДСМ ги избира најдобрите кандидати за пратеници во шесте изборни единици.

„Сите кандидати на СДСМ мора да ги исполнуваат највисоките критериуми, да уживаат висок углед и кредибилитет меѓу граѓаните, да ја има поддршката од сите етнички заедници. Мора да се обврзат на неуморна работа за граѓаните и европската иднина на државата и да го почитуваат Етичкиот кодекс на СДСМ. Пратениците се избраници на народот, претставници на граѓаните но и чувари на демократијата“, рече Кузеска.

Таа заклучи дека во изминатите 4 години се покажало колку е важна улогата на пратениците во македонското Собрание.

„Пратениците од мнозинството предводено од СДСМ работеа за граѓаните, носеа закони за финансиска поддршка вредна 2,6 милиони евра, за поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот, но и одлуки со кои се овозможи почеток на преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет. Од друга страна ДПМНЕ и Левица спроведуваа активна блокада и наместо за граѓаните делуваа против интересот на државата. Дури ја блокираа и европската иднина на земјата и реформите на европскиот пат, што беше нотирано и во Извештајот на Европската комисија. Тие два концепти сега повторно ќе се судрат на изборите оваа година и СДСМ ќе ги има победничките листи за пратеници со кои ќе ја побара довербата од граѓани“, рече Кузеска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK