Следната недела ќе биде објавен извештајот за починатата родилка од Делчево, најави Меџити

Меџити-Детската-болница-„Козле-прерасна-во-Клиника-за-респираторни-заболувања.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека деновиве го чека извештајот од комисијата за случајот со починатата 26-годишна родилка од Делчево.


„ Формираме стручна Комисија, тие се експерти кои имаат програма на работа и мислам дека идната недела ќе биде извештајот и ќе се расчисти овој случај“, изјави Меџити.

Родилката, која почина на 26 декември на КАРИЛ во Скопје, беше донесена во лоша здравствена состојба од штипската Клиничка болница.

Стручната Комисија, која беше формирана по препорака на инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), треба да го утврди начинот на лекување и дали се направени пропусти од страна на лекарите и медицинскиот персонал.

Бебето е во добра здравствена состоја и веќе два дена е дома.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK