Натпреварот меѓу Армани и Црвена звезда, во 21.коло во кошаркарската Евролига, го одбележа нереална асистенција на Милош Теодосиќ.
Литвански „Баскет њуз“ во својот кометар напиша дека овој потег на ветеранот Теодосиќ е во стилот на Лука Дончиќ, првата ѕвезда на Далас Маверикс.
Словенецот несомено уживаше во „магијата“ на плејмејкерот на Црвена звезда, а на социјалната мрежа „X“ им одговори на уредниците на специјализираниот кошаркарски портал..
„Не бев роден кога кога тој делеше вакви асистенции“.
Звезда го совлада Армани со 76:62.
I wasn’t born yet when he was already making those passes 😂😂 https://t.co/qIy3icj5kq
— Luka Doncic (@luka7doncic) January 12, 2024