Постојат шест земји кои имаат најмоќни пасоши во светот.
Граѓаните на Франција, Германија, Италија, Јапонија, Сингапур и Шпанија можат да уживаат без визи или пристап до неверојатни 194 дестинации ширум светот и затоа се на врвот на индексот за пасоши на Хенли за 2024 година.
Индексот е креиран од „Henley & Partners“, глобална советодавна фирма за државјанство и престој со седиште во Лондон, користејќи ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), која опфаќа 199 пасоши и 227 дестинации за патување.
И за прв пат досега шест земји го делат првото место, од кои четири се од Европа: Франција, Германија, Италија и Шпанија.
Јапонија шеста година по ред е на првото место, а Сингапур од второто место минатата година дојде на првото место годинава, пренесува веб-страницата „Australia News“.