Лидерот на Хутите: Наскоро ќе сфатите дека ова е најголемата глупост во историјата

Лидерот-на-Хутите-Наскоро-ќе-сфатите-дека-ова-е-најголемата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на Хутите, Мохамед ал Бухаити, се закани дека САД и Велика Британија „наскоро ќе сфатат“ дека нападите врз Јемен се „најголемата глупост во нивната историја“.


„Америка и Британија направија грешка кога започнаа војна против Јемен бидејќи немаа корист од нивните претходни искуства“, напиша тој на Икс. „Секој поединец на овој свет е соочен со два избора – да застане или со жртвите на геноцидот или со неговите извршители“, додаде тој.

На телефонски брифинг со новинарите, висок американски функционер рече дека сè уште немало никаков воен одговор од командантот на Хутите.

„Досега не видовме директна одмаздничка акција насочена кон САД или кон другите членови на коалицијата. Остануваме подготвени, се разбира дека ќе се браниме, но во овој момент не видовме одговор од Хутите“, рече официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK