Рекордно ниските температури во Финска оваа недела инспирираа турист на патување на Арктикот да испроба трик што долго време го заинтригира – да фрла зовриена вода во воздух кога надвор е екстремно студено и да ја гледа како инстантно се претвора во облак од ледена прашина.
Лаури Унтамо, 49-годишен менаџер за продажба од јужна Финска, бил на одмор во Финска0Лапонија со пријателите кога температурата на Нова година паднала на минус 30 Целзиусови степени.
Видов видеа од тој трик на социјалните мрежи или на „YouTube“ што можеше да се направи, но никогаш не го имав вистинскиот мраз да го пробам на минус 30 степени или повеќе“, изјави Унтамо за Ројтерс.
Тој рече дека зоврил вода во неговата кабина, брзо ја извадил надвор и ја фрлил во пристаништето над главата. Го преживеал обидот без да биде изгорен бидејќи водата веднаш се претворила во леден облак кој потоа исчезнал.