Актерот Кристијан Оливер и неговите две ќерки загинаа во авионска несреќа

Актерот-Кристијан-Оливер-и-неговите-две-ќерки-загинаа-во-авионска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американско-германскиот актер Кристијан Оливер (51), познат во светот на филмот и по улогата во новиот „Индијана Џонс“, загина во авионската несреќа заедно со двете ќерки Мадита (10) и Аника (12) , објави британски „Експрес“.


Малиот авион се урна во четвртокот во близина на островот Бекија, кој е дел од Свети Винсент и Гренадини.

Застрашувачкиот момент е фатен на камера и споделен на социјалните мрежи, додава британскиот портал, пренесува Танјуг.

Едномоторниот авион полетал од блискиот аеродром и летал за Света Луција кога наишол на проблеми и се урнал во океанот.

Пронајдени се телата на четири лица.

Меѓу другото, Оливер беше познат по неговите улоги во филмовите „Speed ​​​​Tracer“ и „Valkyrie“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK