Денеска од страна на полициски службеници за РЦГР ЈУГ и СВР Битола лишен од слобода е Б.М. (62) од Крушево, кој бил баран со централна потерница по наредба на КПУ Идризово поради бегство од затворот.
Б.М. е осуден на 15 години казна затвор по чл.123 од КЗ на РСМ, а за доиздржување има 7 години 5 месеци и 7 дена.
Лицето ќе биде спроведено во казнено поправната установа.